Amazon Zoox почна со тестирање на робо-такси на јавните патишта

Објавено на 15.02.2023 во Новости



Amazon Zoox почна со тестирање на робо-такси на јавните патишта

Бројните автомобилски и технолошки компании тестираат автономна технологија и автомобили, но малку од нив кои може да се пофалат дека нивните автомобили во кои што нема возачи, учествуваат во јавниот превоз.

Дозволи од регулаторите добија Waymo и Crusie, а сега од Amazon се пофалија и дека нивната компанија Zoox со робо-такси превоз за патници на јавни патшита, добила дозвола. Во нивните автомобили исто така нема возач, а интересно е дека станува збор за возила направени да бидат водени исклучиво од компјутер. Внатре нема волан, педала за гас, кочница и слично.