Една од причините зошто Samsung Galaxy S23 има подобра батерија

Објавено на 15.02.2023 во Android



Една од причините зошто Samsung Galaxy S23 има подобра батерија

Samsung Galaxy S23 серијата е значително подобрена серија, главно кај дисплејот и батеријата, меѓу другото. Од Samsung Display тврдат дека S23 има нов тип на дисплеј. И покрај истата резолуција, со максимална осветленост и HDR поддршка, екранот на Galaxy S23 е значително подобар кога станува збор за енергетска ефикасност.

Подобрувањето е благодарение на брзата електроника во органскиот OLED панел. Соодносот е за 13-16% намалена потреба од енергија, додека се постигнува истото ниво на светлост, како и порано. Дополнително, новиот S23 доаѓа со Vision Booster алатката, што помага за точноста на боите кога има многу светлост.