Samsung Galaxy S8 и S8+ се најпродавани Android телефони во Q2

Објавено на 18.08.2017 во Новости



Samsung Galaxy S8 и S8+ се најпродавани Android телефони во Q2

Strategy Analytics објавила извештај за најпродавани телефони - најпродавани Android телефони се Samsung Galaxy S8 и S8+, а од iOS се iPhone 7 и 7 Plus. Samsung Galaxy S8 во вториот квартал (Q2) со продажбата ја надминал бројката од 10 милиони примероци, со што заземал 2,8% од пазарот, додека бројот на испорака на S8+ моделот достигнал до 9 милиони. 

Apple iPhone 7 е испорачан во 17 милиони примероци, со што зазема 4,7% од пазарот. Поголемиот модел од седмицата е вториот најпопуларен телефон, а испораката на iPhone 7 Plus во тој период достигнал 15,1 милион парчиња, со заземање на 4,2% од пазарот. Во последното тримесечје вкупно се испорачани над 360 милиони смартфони, а ќе биде интересно да се погледнат и листите на најпопуларните телефони во третиот, односно четвртиот квартал, кога ќе започне продажбата на новиот модел на Samsung Galaxy Note, iPhone, Nokia 8, LG V30 и Google Pixel 2. 





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}