Tesla ги отвара станиците за полнење и за конкуренцијата

Објавено на 16.02.2023 во Електричен погон



Tesla ги отвара станиците за полнење и за конкуренцијата

Tesla ќе отвори дел од мрежата во САД и за другите електрични возила од неговата конкуренција, во склоп на државната програма за поттикнување на зелена мобилност, во вредност од 7,5 милијарди долари.

Tesla со тоа би можел да се претвори во универзален полнач на батерии за автомобили. Неговата мрежа на супер-брзи полначи е најголема во САД, а моментално ги служи исклучиво неговите возила. До крајот на 2024 година, компанијата на 3.500 нови и постоечки супер-брзи полначи низ автопатиштата, ќе овозможи полнење на автомобилите за другите производители, соопшти администрацијата на Бајден. Возачите ќе може да користат 4.000 побавни полначи од Tesla на локации - хотели и ресторани.