Meta Verified воведува претплата за верификација на профилот

Објавено на 20.02.2023 во Новости



Meta Verified воведува претплата за верификација на профилот

 

Meta Verified ќе стане најпрво достапна опција за Австралија и Нов Зеланд. Целта е да се подобри веродостојноста и безбедноста на услугата. Претплатниците на Facebook и Instagram ќе добијат опција што покажува дека нивниот идентитет е проверен и ќе имаат дополнителна заштита на профилот во случај на кражба на идентитет, ќе имаат поголем пристап кон подотоци и поголема видливост.

Претплатата е наменета за постари од 18 години, но не и за профили на компании. Корисниците треба да плаќаат 11,99 долари месечно за Meta Verified на веб и 14,99 долари месечно за iOS и Android апликациите.