Samsung патент за смартчасовник што ниеден друг бренд го немал досега

Објавено на 21.02.2023 во Смарт часовници



Samsung патент за смартчасовник што ниеден друг бренд го немал досега

Смартчасовниците стануваат се повеќе популарни и ги заменуваат класичните часовници. Секоја година смартчасовниците добиваат нови опции, а се повеќе се фокусираат во областа на фитнес и здравје. 

Објавено е дека Samsung имал патент за смартчасовник со вграден проектор. Јужнокорејската компанија е прва што претстави смартфон со вграден проектор пред 10 години, но тогаш се покажа дека оваа опција не е премногу интересна за корисниците. Патентот за Galaxy Watch изгледа прилично интересен, иако би требало во иднина да се докаже колку би се користела оваа опција. 

Автор: Aleksandar Stankov