Galaxy S23 серијата е врвното трио предводено од моќниот S23 Ultra

Објавено на 21.02.2023 во Новости



Galaxy S23 серијата е врвното трио предводено од моќниот S23 Ultra

Galaxy S23 Ultra ги има истите спецификации како и другаите, па дури и нешто повеќе. Galaxy S23 Ultra го има најдоброто од Note и S серијата, споени во едно. Со 6.8 инчен QHD+ Edge* Dynamic AMOLED 2X екран овозможува импресивна површина за гледање на видеа, пишување мејлови или сурфање на веб, а сето тоа со S Pen пенкалото.

Galaxy S23 Ultra има висока Super Smooth брзина на освежвуање од 120Hz, која што во Game Mode режимот на работа може да оди до 240Hz. Со нивото на освежување, достојно за квалитетните монитори, нема сомневање дека приказот на екранот ќе биде јасен и мазен. Сето тоа се реализира благодарение на Snapdragon® 8 Gen 2 мобилната платформа за Galaxy уреди, која што досега беше резервирана само за пазарот на САД.