Би платиле ли 63 илјади долари за стар iPhone?!

Објавено на 21.02.2023 во iOs



Би платиле ли 63 илјади долари за стар iPhone?!

Цените на топ моделите на смартфони веќе надминуваат илјада долари. Најскапиот iPhone се продава за 1100 долари, но некој би дал и повеќе. Аукција е одржана пред два дена, на која што се открива дека за смартфон некој би платил и повеќе од 63 илјади долари.

Станува збор за модел претставен пред 16 години. Се разбира, тој стар модел не е повеќе моќен и неговата спецификации се стари. Станува збор за редок примерок, наменет за колекционери, што ќе платат многу пари за такво парче технологија. Станува збор за првата генерација на iPhone од 2007 година, со 8GB внатрешна меморија и задна камера со резолуција од 2MP. 

Карен Грин го добила iPhone 2007г. како подарок за новата работа, чија цена тогаш била 500-600 долари. Тогаш имала нов телефон и така iPhone го оставила спакуван во оригиналната кутија. Така го заборавила и дури 12 години подоцна, во 2019 година, во медиумите се појавила приказна за нејзиниот телефон, кој тогаш бил проценет на 5 илјади долари. Оваа година истиот iPhone заврши на аукција, за кого аналитичарите верувале дека може да достигне цена од 50 илјади долари. Неговата почетна цена изнесувала 2.500 долари, а после 27 понуди, продаден е за 63.356,40 долари.