Honor Magic 5 се појави на Geekbench со Snapdragon 8 Gen 2 и 12GB RAM
Објавено на 23.02.2023 во Новости
За помалку од една недела почнува MWC 2023, на 27 февруари. Официјално излегува Honor Magic 5, кој ќе биде глобално достапен. Сега пред официјално да се појави, излезе на Geekbench со Snapdragon 8 Gen 2 процесор и 12GB RAM меморија.
На списокот се гледа дека новиот предводник на Honor ќе биде клокнат на 3.19GHz, со четири јадра од 2.8GHz и три јадра од 2.02GHz. Има и верзија со 8GB RAM меморија, а телефонот ќе биде достапен само со 256GB внатрешна меморија. Honor Magic 5 има 1411 поени со само едно јадро и 4584 поени со повеќе јадра на Geekbench.
Honor Magic 5 доаѓа со Android 13 оперативен систем и Magic UI кориснички интерфејс.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.