Mercedes претстави свој оперативен систем и најави интересни новости

Објавено на 24.02.2023 во Електричен погон



Mercedes претстави свој оперативен систем и најави интересни новости

Mercedes-Benz објави планови за создавање на оперативен систем под името MB.OS, кој ќе се базира на новата платформа „MMA - Mercedes Modular Architecture“. Новиот оперативен систем е дизајниран и развиен во самиот Mercedes, со цел да има целосна контрола во односот со купувачите и да се обезбеди приватност на податоците и да се користи оваа уникатна интеграција со сите функции на автомобили.

Се базира на наменски изградена архитектура "chip-in-cloud" и применува пристап кон сите делови од возилата - од infotainment, до автоматизирано возење и полнење. Оперативниот систем ќе биде стандардизиран за цело портфолио на возила, целосно ажуриран за брза надградба и намерно отворен за одбрани партнери. Така Mercedes-Benz ќе ја дефинира и контролира архитектурата со сопствен основен слој на хардвер и софтвер, но и ќе овозможи интеграција со водечките технолошки играчи преку партнерски договори.