TikTok забранет за службените уреди во Европската комисија

Објавено на 24.02.2023 во Новости



TikTok забранет за службените уреди во Европската комисија

Европската комисија забрани употреба на TikTok апликацијата за вработените од безбедносни причини. Ова е најновиот пример за се поголемата напнатост меѓу Пекинг и западот. Инаку, западните власти се вознемирени од доказите дека технолошки компании и помагаат на Комунистичката партија и нејзините тајни служби во собирањето на лични податоци од цел свет, со посебен акцент на политичките и безбедносните цели.

Официјално лице изјави за Politico дека во четвртокот наутро е наредено за цел персонал да го отстранат TikTok од своите деловни уреди, но и со своите приватни уреди, доколку на нив имаат инсталирана апликација што ја користат за работата.