Apple Watch 7 спаси уште еден живот благодарение на своите сензори

Објавено на 25.02.2023 во Смарт часовници



Apple Watch 7 спаси уште еден живот благодарение на своите сензори

Кога некој ќе купи еден од најдобрите смартчасовници во светот, се мисли на големината на екранот, опциите за конекција, софтверската компатибилност и цената. Меѓутоа, смартчасовниците често пати се случувало и да спасат живот.

Секој Apple Watch од 4-та серија од 2018 година па наваму, имаат ECG и технологија што детектира паѓање. Најновиот случај за спасување живот е со Apple Watch 7, благодарение на сензорот за отчукувања на срцето, кој работи паралелно со сензорот за кислород во крвта, кој ги испратил овие вчитувања во вистинското време на вистинското место.

За време на дремката на корисникот, сензорот за отчукувања на срцето на Series 7 детектирал необична активност, испракајќи неколку известувања за пулсот што се покачувал. За жал, алармот поминал незабележано, затоа што Apple Watch и поврзаниот iPhone биле ставени на Do Not Disturb опцијата, но за среќа, сопственикот на часовникот се разбудил од известувањата и итно се јавил со видео повик на неговиот доктор. После брзиот разговор, прегледот на кислород во крвта и пулсот, докторот се јавил на брза помош, затоа што предвидел внатрешно крварење на пациентот. Ова е доказ дека Apple Watch ја применува таа информација не само да го направи вашиот живот подобар, туку и подолг.