MWC 2023 става голем акцент на преклопните телефони во Европа

Објавено на 27.02.2023 во Преклопни уреди



MWC 2023 става голем акцент на преклопните телефони во Европа

World Mobile Congress е веќе пред нас до официјалниот старт со најголемиот настан во мобилната технологија. Повеќето кинески брендови веќе сакаат да ги објават своите преклопни смартфони и надвор од Кина, да ги пробијат во Европа. Еве што се очекува од брендовите.

OnePlus

OnePlus го лансираше својот најнов предводник пред неколку недели, со интересен концепт на LED ленти од задната страна. Дизајнот е неверојатен.

Xiaomi

Xiaomi веќе ја лансираше својата 13 серија во Кина и веруваме дека компанијата ќе ги претстави Xiaomi 13 и Xiaomi 13 Pro официјално за глобалниот пазар за време на MWC конгресот во Барселона.

Honor

Honor Magic 5 се очекува да стане официјален за време на MWC 2023, кој ќе биде глобално достапен, со најновиот Snapdragon 8 Gen 2 процесор и RAM меморија од 12GB. 

Huawei

Huawei е мистичен за своите планови за MWC годинава и не сме сигурни што треба да очекуваме. Можеби ќе има најава на Huawei P60 серијата.

Oppo

Oppo го најави Oppo Find N2 Flip.

Vivo

Vivo е бренд со силен фокус на преклопните телефони, а за MWC очекуваме да го претстави Vivo X Fold 2 со Snapdragon 8 Gen 2 процесор и 120W брзо полнење.

Realme

За време на полнењето, Realme GT Neo 5 ќе биде со поддршка од 240W. Телефонот е веќе откриен во Кина со 4,600 mAh батерија, која што се полни за само 10 минути. Очекуваме глобално лансирање во Барселона.

Nokia

Nokia ќе лансира три преклопни телефони, со силен фокус на репарација. Nokia G22 е дизајниран за да им овозможи на корисниците брза поправка со промена на батеријата или скршен екран.

Автор: Aleksandar Stankov