Apple го менува мислењето, повторно ќе има развој на евтин телефон

Објавено на 01.03.2023 во iOs



Apple го менува мислењето, повторно ќе има развој на евтин телефон

Apple наводно го променил мислењето и продолжува со развојот на iPhone SE 4. Според тие информации, дијагоналата на екранот ќе биде 6,1 инч и така самиот телефон би требало да биде мала модификација на iPhone 14. Новиот SE ќе биде со OLED екран, што досега не сме го гледале на поевтините телефони на Apple со 5G модем.

Шпекулациите се дека Apple токму поради модемот го откажал овој телефон, затоа што сакаа да развијат сопствен 5G модем и да го вградат наместо Qualcomm, но не успеале во тоа. Изгледа дека сепак го решиле проблемот, затоа што познатиот аналитичар Минг-Чи Куо вели дека iPhone SE 4 сепак ќе има Apple 5G модем. 

Автор: Aleksandar Stankov