Apple ја лансираше седмата beta верзија на iOS 11: Што има ново

Објавено на 24.08.2017 во iOs



Apple ја лансираше седмата beta верзија на iOS 11: Што има ново

Android 8.0 Oreo сега официјално излезе, а Apple се уште работи на бета верзиите на iOS 11 додека официјално да излезе. iOS 11 Beta 7 сега излезе со нови алатки, кои најверојатно ќе дојдат со официјалната верзија на iOS 11 во наредниот месец.

- Слајдерот за звук сега има жолта секција за „премногу гласно“ во Control Center;
- Помал часовник при заклучен екран;
- Нова иконка за Apple Music во секцијата Now Playing;
- Статистиката за мобилните податоци ќе се ресетира секој месец;
- Мултитаскингот на iPad ќе ги забави прегледите на отворените прозорци;
- Touch ID може да се исклучи ако го ставите на Emergency режимот;
- Многу поправки за багови и други ситни подобрувања кај интерфејсот. 

Можете да проверите дали најновата бета верзија ја имате на вашиот телефон на Settings > General > Software update. Се разбира, само ако влеговте претходно со вашиот телефон во паблик бета, ќе ви биде достапно ова. 





 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}