Redmi открива супер-брзо полнење од 300W!

Објавено на 02.03.2023 во Новости



Redmi открива супер-брзо полнење од 300W!

Ќерката компанија на Xiaomi - Redmi, само што објави нешто „лудо“, што ги поместува сите граници. Redmi го објави супер-брзиот полнач од 300W, кој ја полни батеријата за само 5 минути. На видеото одоздола се гледа како се полни Redmi Note 12 Discovery со 4,100mAh батерија и оди до 100% за само 5 минути.

Брзината на полнењето не достигнува 300W, затоа што така дозволува технологијата, но уредот надмина и 260W во одреден период, пред да ја намали брзината на 200W. Се уште е непознато кога овој полнач официјално излегува на пазарот.