MWC 2023: Неверојатен концепт на Xiaomi Leica со огромен сензор

Објавено на 02.03.2023 во Новости



MWC 2023: Неверојатен концепт на Xiaomi Leica со огромен сензор

Минатата година Xiaomi претстави нов концепт на телефон со огромни Leica објективи, прикачени на телото на телефонот. Се работи за моќниот 1-инчен IMX989 сензор одоздола, а телефонот се базираше на Xiaomi 12S Ultra, кој никогаш не стигна на глобалните пазари. 

За време на MWC во Барселона, повторно беше претставен новиот концепт. Уредот на излогот беше забранет за допирање и фотографирање и беше сместен во стаклена кутија. Сите ентузијасти може да го купат Xiaomi 13 Pro лансиран глобално овде на MWC, со истиот 1-инчен IMX989 сензор како главна камера, за 1,299 евра. 

Автор: Aleksandar Stankov