Lamborghini го лансираше новиот Alpha-One луксузен модел

Објавено на 25.08.2017 во Новости



Lamborghini го лансираше новиот Alpha-One луксузен модел

Tonino Lamborghini е компанијата што произведува луксузни телефони од луксузниот бренд на фамозните спортски коли. Моделот се вика Alpha-One, кој нема да биде воопшто евтин, исто како Lamborghini автомобил.

Alpha-One е смартфон со потпис, кој не може да си го дозволи секој. Однапред за моделот ќе мора да платите 2,500 долари, кој е изработен со еден од „најдобрите материјали“, со рачно изработена италијанска кожа и течна легура специјално изработена и отпорна на корозија, која е посилна и од титаниум. 

Смартфонот има 20-мегапиксели задна камера со оптичка и дигитална стабилизација, Dolby двоен звучник, Qualcomm Snapdragon 820 процесор, 4GB RAM меморија и 64GB внатрешна меморија. Батеријата има капацитет од 3,250 mAh, а Quad HD дисплејот има големина од 5.5 инчи и резолуција од 2560 x 1440 пиксели. Оперативниот систем е од најновиот Android 7.0 Nougat, кој ќе може да се надгради со 8.0 Oreo. 





 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}