ЕК воведе надоместок за надзор на големите интернет платформи и пребарувачи

Објавено на 03.03.2023 во Новости



ЕК воведе надоместок за надзор на големите интернет платформи и пребарувачи

Европската комисија донесе делегирана уредба со која што ги утврди деталните правила и постапките за наплата на надоместок за провајдерите на услуги под нејзин надзор. Во согласност со Актот за дигиталните услуги, кој стапи во сила во ноември 2022 година, Комисијата е овластена да воведе таков надоместок, а првата наплата се очекува есента во 2023 година.

Целта на оваа Делегирана уредба е да овозможи правна безбедност на провајдерите на услуги: големи интернет платформи или големи интернет пребарувачи.