TikTok воведува ограничување за употреба од страна на малолетни лица

Објавено на 03.03.2023 во Новости



TikTok воведува ограничување за употреба од страна на малолетни лица

Регулаторите вршат притисок на социјалните мрежи поради негативното влијание врз менталната состојба на младите. Затоа социјалните мрежи претставија одредени алатки што треба да ги предупредат младите да не поминуваат премногу време вртејќи на екраните и апсорбирајќи ја содржината што го бира алгоритмот за нив. 

Притоа алгоритмот ја прикажува содржината што би требало да ги привлече оние што минуваат повеќе време во апликацијата, односно социјалната мрежа. TikTok најави воведување на ограничувања околу времето на употреба на апликацијата за малолетници. Новите правила стапуваат во текот на следните недели.

Сите корисници помлади од 18 години после еден час користење ќе мора да внесат посебна шифра ако сакаат да продолжат да ја користат оваа социјална мрежа. Тоа ќе биде еден вид на предупредување што ќе мора корисникот да го тргне или да ја исклучи апликацијата и да се одмори од постојаното скролање. 

Автор: Aleksandar Stankov