Galaxy J5 (2016) ќе добие на(д)град(б)а со Android 7.0 Nougat

Објавено на 26.08.2017 во Новости



Galaxy J5 (2016) ќе добие на(д)град(б)а со Android 7.0 Nougat

Galaxy J5 од 2016 година ќе биде следен од Samsung смартфоните што ќе добие на(д)град(б)а со Android 7.0 Nougat оперативен систем. Јужнокорејската компанија очигледно сака да го подобри искуството и со телефоните од средна класа. Во Македонија и општо во Европа, овој модел беше супер продаван поради неговите спецификации и цената.

Samsung Galaxy J5 (2016) би можел да добие Android 7.0 Nougat оперативен систем до крајот на 2017 година. Инаку, Android 8.0 Oreo официјално беше лансиран пред неколку дена, а Galaxy J5 (2016) беше откриен во април 2016 година, пред Google да го открие Android Nougat. Така, моментално смартфонот го има прединсталирано Android 6.0.1 Marshmallow. Експертите сметаат дека перформансите на моделот од 2016 година се доволни за Nougat: 4-јадрен Qualcomm Snapdragon 410 процесор со 1.2GHz, 2GB RAM меморија и 16GB меморија што може да се зголеми. Задната камера е 13MP, предната 5MP, со 5,2-инчен HD (720p) дисплеј.

Автор: Aleksandar Stankov


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}