Внимавајте, измамниците се потпишуваат како да се од Полиција

Објавено на 04.03.2023 во Туториали



Внимавајте, измамниците се потпишуваат како да се од Полиција

Лично на мејл пред некој ден ни стигна порака, која што е наводно од началникот на СВР Скопје, Тони Јакимовски, кој што претходно ја вршел таа функција, но сега има друг началник на СВР Скопје. 

Како може да препознаете дека станува збор за лажен мејл? Тоа што никогаш на Skype нема да добиете покана од полиција и може да го препознаете мејлот, кој што не е официјален од канцеларијата на СВР или МВР. На сликите може детално да погледнете дека не е вистински мејл.