Запознајте го Galaxy J7+, вториот Samsung смартфон со двојна камера

Објавено на 27.08.2017 во Новости



Запознајте го Galaxy J7+, вториот Samsung смартфон со двојна камера

Samsung се спрема за да лансира уште еден смартфон со двојна камера. Само два дена поминаа откако Galaxy Note 8 беше официјално претставен, а веќе е објавена фотографија со телефон од Samsung со ISOCELL двојни сензори на камерата.

Запознајте го Galaxy J7+, подобриот телефон од средната класа од J7 (2017) серијата, кој наскоро ќе добие премиера во земјите на Југоисточна Азија. Главната камера има 13MP и отвор на бленда f/1.7, додека секундарната камера е со 5MP f/1.9. Голема предност е тоа што Live Focus опцијата во режимот за портрет, ќе биде присутна кај J7+, која неодамна беше претставена на Unpacked евентот кај Note 8. 

J7+ располага со 5.5-инчен дисплеј и резолуција од 1080p, со целосно метално тело, 8-јадрен 2.4GHz процесор, во комбинација со 4GB RAM меморија, 32GB внатрешна меморија + microSD слот, батерија со капацитет од 3,000 mAh. Предната камера од 16MP f/1.9 ќе биде одлична за селфи, ќе има Android 7.1.1 оперативен систем, а ќе има и Bixby дигитален асистент. Имате 3 бои за избор: црна, розева и златна. Се уште немаме точни информации дали и кога ќе дојде во Европа, дали би сакале Galaxy J7+ да дојде и кај нас?





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}