OnePlus го спрема ривалот за преклопниот Galaxy

Објавено на 04.03.2023 во Преклопни уреди



OnePlus го спрема ривалот за преклопниот Galaxy

Се повеќе се зголемува конкуренцијата на пазарот на преклопни смартфони, кои што сакаат да ја загрозат доминацијата на Samsung на овој пазар. Првите чекори со своите преклопни телефони не се секогаш безбедни, но со текот на времето технологијата се подобрува. 

OnePlus е една од компаниите што сака да заземе своја позиција на пазарот на преклопни смартфони. Оваа година планира да лансира нов модел , но се уште не е познато во кој период. Тогаш се очекува и претставувањето на новата генерација на Samsung - Galaxy Z Fold 5., па така сето ова може да се сфати и како порака на кинеската компанија во која што се најавува напад на лидерите на пазарот. Од новиот OnePlus смартфон се очекува Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, каков што има во OnePlus 11, а сигурно ќе има и сличен систем на камери.