Motorola ќе лансира многу подобар Razr преклопен смартфон наскоро
Објавено на 07.03.2023 во Преклопни уреди
Motorola се уште нема официјални слики со дизајн и спецификации за новиот Razr модел, продуктот е креиран како „многу подобар“ во споредба со неговите претходници. Подобрувањето на преклопниот смартфон ќе биде со фокус на механизмот за отварање и апликациите.
Motorola Razr (2023) би можел да му конкурира на Samsung Galaxy Z Flip 5 со акцент „наскоро“, затоа што се очекува да биде поевтин. Од задната страна се очекува да има мал 2.7-инчен секундарен AMOLED дисплеј, додека Galaxy Z Flip 4 беше со 1.9-инчен Super AMOLED дисплеј.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.