Зошто Google Maps е најдобрата апликација на пазарот

Објавено на 30.08.2017 во Новости



Зошто Google Maps е најдобрата апликација на пазарот

GPS апликациите ги имаме во мал милион, но но само една е најдобра - Google Maps. Апликацијата ја има секој Android телефон, а знаете ли зошто е најдобра?

Секој коловоз на Google Maps е заведен и ажуриран, поради што автомобили на Google кружеа низ сите делчиња на светот. Плус тоа, може да си одбележите мапа до каде што сакате да патувате и да ја преземете на домашен интернет. Притоа нема да го трошите мобилниот интернет, затоа што има опција Offline Mode, кој функционира беспрекорно, затоа што веќе сте ја преземале мапата непосредно пред да тргнете.

Докажано на дело и испробано од нас, доколку имате вклучено мобилен интернет, точно знае каде има метеж и ве води по други патишта, па ако треба и мали селски патчиња, само за да не заглавите во сообраќајот. Имате информации кога ќе пристигнете на вашата дестинација според брзината на возењето и колку километри имате дотаму.Сте ја користеле ли досега Google Maps и какво е вашето искуство?



Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}