Facebook повторно го враќа Messenger под свои закрила!?

Објавено на 09.03.2023 во Новости



Facebook повторно го враќа Messenger под свои закрила!?

Meta објави на својот официјален блог дека сака „да го овозможи најдоброто искуство за комуникација и споделување на она што корисниците го откриваат на Facebook преку пораки“. Истовремено, не сакаат корисниците да користат втора апликација за споделување на таа содржина.

Одговорот на Meta е да се врати Facebook на стариот начин на функционирање. Моментално се тестира можноста за корисниците повторно да може да пристапат кон Messenger преку апликацијата на Facebook. 

Автор: Aleksandar Stankov