Google Pixel Fold се појави со замаглени слики на Reddit

Објавено на 09.03.2023 во Преклопни уреди



Google Pixel Fold се појави со замаглени слики на Reddit

Google ќе дебитира со Google Pixel Fold смартфонот на преклопниот пазар на смартфони. Се уште не е официјално излезен, а корисник на Reddit објавил неколку слики од „украдено“ во железницата на Њујорк, кои се најверојатно од Pixel Fold. Сликите се ставени во артикл на 9to5Google. 

Се разбира, сликите не се многу јасни доволно за да може да се види дека се работи за новиот преклопен смартфон на Google, но корисникот сигурно детектирал од близу дека се работи за тој модел.

Корисникот на Reddit тврди дека може да се види испакнатината на камерата, што е специфично за линијата на Pixel. Google ја најави веќе официјално својата девелоперска конференција Google I/O 2023, која што ќе заземе место на 10 мај и може да биде официјално претставен првиот Google Pixel Fold