Објавени реални слики со Motorola Razr (2023)

Објавено на 10.03.2023 во Преклопни уреди



Објавени реални слики со Motorola Razr (2023)

Реални слики се објавени од 91mobiles наводно од вистинскиот Motorola Razr (2023) преклопен смартфон, во форма на школка. На извештајот пишува дека телефонот е со кодно име XT-2321-3. На задниот панел на Razr (2023) се гледа дека за прв пат двата дела се со различни бои.

Од задната страна може да се види и задната двојна камера. Екстерниот екран на Razr е  2.7-инчен AMOLED Quick View дисплеј, кој што овозможува да ги проверите вашите известувања, да пуштите музика, да снимате селфи слики, без да го отвореите телефонот.