НАСА објави видео од „црната птица“, побрза од проектил

Објавено на 31.08.2017 во Новости



НАСА објави видео од „црната птица“, побрза од проектил

Црната птица Lockheed SR-71 Blackbird е најбрзото летало на сите времиња, кое било повлечено од производство и употреба пред да се распадне СССР. Авионот располага со неверојатна максимална брзина од 3.500 километри на час, со што е најбрз авион во историјата на авијацијата. НАСА објавила видео со црната птица одоздола:

Титаниумското тело на авионот се загревало до 480 степени Целзиусови, со максимална висина на летање од 25.900 метри. Од 1964 - 1998 година се произведени само 32 летала, кои се докажале на дело со над 4.000 успешни операции.Црната птица била побрза дури и од проектил. Причината зошто е стопиран авионот и исфрлен од употреба се енормните трошоци за воените операции. Моментално се произведува неговиот наследник Lockheed SR-72, за кого се уште немаме информации. 

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}