Realme влегува на пазарот на преклопни смартфони

Објавено на 11.03.2023 во Преклопни уреди



Realme влегува на пазарот на преклопни смартфони

Сцената со преклопни смартфони се загрева, а брендовите што досега ги немаше, полека почнуваат да излегуваат на површина. Заменик претседателот на Realme, Мадав Шет, објави тизер на неговата Twitter страница, со прашање до корисниците: „Што е следното што го очекувате... #realmeFlip или #realmeFold?"

Realme сака да се качи на возот со преклопни уреди, кој последно на MWC во Барселона го претстави Realme GT 3 со неговото „лудо“ брзо полнење од 240W. Благодарение на брзиот полнач, уредот го полни од 0 до 100% за нешто помалку од 10 минути!