Snapdragon 8 Gen 3 процесорот ќе биде вграден во Galaxy S24 Ultra

Објавено на 11.03.2023 во Новости



Snapdragon 8 Gen 3 процесорот ќе биде вграден во Galaxy S24 Ultra

Ликстерот RGcloudS на Twitter тврди дека следниот процесор на Qualcomm ќе биде со X-4 високи перформанси и за 15% повисока брзина до 3.70GHz. Ликстерот Revegnus, кој што е љубител на Samsung, тврди дека најновиот предводник на јужнокорејскиот производител ќе биде со најновиот процесор.

Snapdragon 8 Gen 3 ќе се произведува во TSMC со 4nm процес. Чипсетот се очекува да пристигне со едно X-4 јадро со високи перформанси, 4 други средни јадра и 3 ефикасни јадра, слично како и Snapdragon 8 Gen 2. X-4 јадрото со високи перформанси ќе биде подесено на 3.20 GHz, кое што ќе ја има истата брзина како X-3 јадрата со моменталниот Gen 2 чипсет.