Прв пат после 35 години се продадени повеќе грамофонски плочи од CD-а

Објавено на 13.03.2023 во Новости



Прв пат после 35 години се продадени повеќе грамофонски плочи од CD-а

Грамофонските плочи во последните години станаа многу популарни кај љубителите на музиката. Дигиталната музика со стриминг сервисите овозможуваат пристап кон сите песни во светот со само еден клик на екранот, но вистинските љубители на музика се уште уживаат во иглата и плочата.

Продажбата на плочи во 2022 година за прв пат ја надмина продажбата на CD уште од 1987 година. 2022 година на американскиот пазар се продадени околу 41 милион плочи во споредба со 33 милиони CD-а. Пад на продажбата на CD-ата има од 18% и голема побарувачка по грамофонски плочи.