Реални слики со Google Pixel 7a

Објавено на 13.03.2023 во Новости



Реални слики со Google Pixel 7a

Google Pixel Fold беше претходно неофицијално објавен со слики од железница во Њујорк. Сега на Twitter се објавени реални слики со следниот смартфон на Google од средната класа - Pixel 7a. Debayan Roy, познат под името Gadgetsdata, ги објавил сликите од задната страна на уредот, каде што се гледа камерата.

Google Pixel 7a се очекува да пристигне со 6.1-инчен OLED панел со 90Hz и 1080p резолуција. Tensor 2 процесорот се очекува да биде под хауба на Pixel 7a и ќе биде првиот Tensor-телефон со вклучен Qualcomm Wi-Fi Bluetooth чип - WCN6740. Roy тврди дека телото не е од пластика, туку од метал. 

Pixel 7a наводно доаѓа со 64MP Sony IMX787 сензор за задната камера и секундарен сензор од 12MP, Sony IMX712. Уредот ќе има 5W безжично полнење и се очекува да излезе на 10 мај, за време на Google I/O девелоперската конференција.