Sony Xperia XA1 Plus откриен на IFA 2017 со одредени подобрувања

Објавено на 01.09.2017 во Новости



Sony Xperia XA1 Plus откриен на IFA 2017 со одредени подобрувања

Sony ја збогати линијата на Xperia вчера. Премиум моделите Xperia XZ1 и XZ1 Compact биле фокусот на прес конференцијата на компанијата, плус тоа што била претставена и XA серијата за пониско буџетни корисници.

Новиот мдоел Xperia XA1 Plus се смета како премин меѓу XA1 и XA1 Ultra, а неговиот дизајн е сличен како овие два уреда, презентирани во февруари 2017 година. XA1 Plus има одредени подобрувања, од кои MediaTek Helio P20 процесорот е ист, задната камера изнесува 23MP и има 5.5-инчен 1080p LCD дисплеј.

XA1 Plus содржи поголема батерија со капацитет од 3,430mAh, што е големо подобрување во споредба со XA1 Ultra и неговата батерија од 2,700mAh. Неговите димензии се 155 x 75 x 8.7мм, има 8 јадрен процесор, Mali T-880 MP2 графичка картичка, 3GB RAM меморија, 32GB меморија за податоци + microSD поддршка, задната камера има широчина на лежи од F2.0, предната камера изнесува 8MP, со исто така леќи од F2.0 и Android 7 Nougat оперативен систем.

Sony Xperia XA1 Plus ќе излезе официјално во продажба на 20 октомври 2017, со цена од 379.99. долари. Имате повеќе опции со боите: црна, златна, бела и сина.





 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}