Samsung Galaxy Z Flip 5 ќе биде надграден со нов сензор на камерата

Објавено на 14.03.2023 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 5 ќе биде надграден со нов сензор на камерата

Samsung ќе го подобри Galaxy Z Flip 5 во споредба со неговиот претходник и се очекува да го лансира следното лето. Аналитичарите сметаат дека Samsung се спрема за надградба на главниот сензор на камерата кај Galaxy Z Flip 5. Надградбата не вклучува зголемување на резолуцијата од 12MP.

Samsung спрема надградба на камерата кај Z Flip 5 со поголеми сензори и големина на пиксели, што значително ќе ги подобри перформансите на камерата во услови на намалена светлост. 

Автор: Aleksandar Stankov