Следете во живо: iPhone 8 официјално излегува на 12 септември

Објавено на 01.09.2017 во Новости



Следете во живо: iPhone 8 официјално излегува на 12 септември

Apple официјално објави дека ќе го одржи настанот на 12 септември во Театарот Стив Џобс, лоциран во новиот Apple Park кампус. Како што претходно најавивме, очекуваме да видиме три нови iPhone модели, од кои два се надградба на iPhone 7 и iPhone 7 Plus, како и супер премиум iPhone 8 моделот.

Новиот Apple Watch Series 3 ќе биде со 4G LTE , кој исто така ќе биде презентиран, како и Apple TV. Настанот со Apple iPhone 8 може да го гледате во живо на овој линк. Ако имате iOS оперативен систем, мора да го отворите линкот преку Safari прелистувачот и да имате најмалку iOS 7.0 или понова верзија. Ако гледате со Mac, ви треба Safari 6.0.5 или понов OS X / MacOS v10.8.5. Ако сте со Windows, ќе ви треба Microsoft Edge броузер со Windows 10. 





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}