Lockheed Martin пред доделувањето на Оскари привлече внимание со својата појава на Twitter

Објавено на 15.03.2023 во Новости



Lockheed Martin пред доделувањето на Оскари привлече внимание со својата појава на Twitter

Овогодинешната свеченост за доделување на престижните награди Оскар, е отворена со пародија на филмот Top Gun: Maverick. Lockheeed Martin го привлече целото внимание, чиј легендарен оддел Skunk Works, бил одговорен за креирање на фиктивен хиперсоничен авион Darkstar, за потребите на наведениот филм.

Top Gun: Maverick беше номиниран за шест Оскари досега и филмот доби златна статуа во категоријата на најдобар звук. Прославувајќи го успехот на номинацијата на Maverick за Оскари, Lockheed Martin објави низа слики на Twitter, на кои што ги означува како #RealTopGun пред церемонијата. Еден од тие твитови, веднаш го привлече вниманието на корисниците и социјалните мрежи, но и медиумите.