Samsung најави изградба на пет фабрики за полупроводници во следните 20 години

Објавено на 15.03.2023 во Новости



Samsung најави изградба на пет фабрики за полупроводници во следните 20 години

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung најави инвестиција од 214 милијарди евра во рок од 20 години во склоп на планот на јужнокорејската влада, која што би требало да го поттикне производството на полупроводниците. 

Вложувањето ќе биде насочено кон градба на пет фабрики на полупроводници, соопшти компанијата за BBC. Samsung е најголемиот светски производител на мемориски чипови, смартфони и телевизори.