Samsung Galaxy A54 : Цена, спецификации и дата на лансирање

Објавено на 16.03.2023 во Новости



Samsung Galaxy A54 : Цена, спецификации и дата на лансирање

Samsung ја најави Galaxy A линијата: Galaxy A54 и Galaxy A34. Galaxy A54 5G ќе биде со почетна цена од $449 и почнува со продажба од 6 април. Во моментот се познати само две бои: виолетова и графитна. Цената ќе зависи и од RAM меморијата, со почетна точка од 6GB RAM + 128GB ROM, додека со 8GB/128GB меморија ќе чини $499.

Преднарачките за САД започнуваат од 30 март на Samsung.com, додека за Европа се уште не е потврдено кога ќе бидат достапни за преднарачка. За $449, добивате подобрена камера со главен сензор од 50MP, подобрен OIS, Exynos 1380 чип, 5G технологија и светол 6.4-инчен Super AMOLED дисплеј со 120Hz.