Huawei ја откри иднината за Mobile AI на IFA 2017

Објавено на 02.09.2017 во Новости



Huawei ја откри иднината за Mobile AI на IFA 2017

Извршниот директор Ричард Ју го откри Kirin 970, првата мобилна платформа за вештачка интелигенција (AI) на Huawei.

Денеска на IFA 2017, нашиот медиум Телефони.мк присуствуваше на излагањето на директорот на Huawei Consumer Business Group, при што компанијата започна нова ера за иновациите на пазарот на смартфони.

Со воведот Ричард Ју ја откри визијата за вештачката интелигенција на Huawei со лансирањето на Kirin 970.

Со комбинацијата на моќта од клауд сервисот и брзината на AI процесирањето, Huawei со AI ќе го промени начинот на кој живееме и нашата интеракција со уредите.

„Како што гледаме во иднината на смартфоните, ние сме на прагот на нова и возбудлива пред нас. Mobile AI = On-Device AI + Cloud AI. Huawei е посветен развива смарт уреди и ги претвара во интелигентни уреди со градење на end-to-end способности, кои поддржуваат координиран развој на чипови, уреди и клауд. Крајната цел е да се обезбеди значително подобро корисничко искуство. Kirin 970 е првиот од својата серија што ќе ни овозможи AI алатки на нашите уреди и ќе ги издигне над конкуренцијата“, изјави Ричард Ју, Извршниот директор на Huawei Consumer Business Group

После неколку години развој, Cloud AI наоѓа широка примена, но корисничкото искуство се уште има простор за подобрување, вклучувајќи ја латентноста, стабилноста и приватноста. Cloud AI и On-Device AI може да се надополнуваат едно со друго.

On-Device AI нуди моќни алатки, кои се основа за разбирање и помагање на луѓето. Сензорите создаваат голема количина на реално време, специфични за сценариото и персоналните податоци. Со поддршката од моќниот чип, уредите ќе станат повеќе конгитивни за потребите на корисниците со персонализирани и лесно пристапни услуги.

Kirin 970 располага со 8-јадрен процесор и новата генерација на 12-јадрена графички процесор. Изграден со 10-нанометарски процес, чипсетот располага со 5.5 милијарди транзистори на простор од само 1 cm².

Новиот предводник Kirin 970 е првата AI мобилна платформа на Huawei со Neural Processing Unit (NPU).

Споредувајќи го со 4 јадрениот Cortex-A73 кластер, новата хетерогена компјутерска архитектура на Kirin 970 овозможува за 25 пати подобри перформанси и 50 пати поголема ефикасност.

Општо кажано, Kirin 970 ги извршува сите AI задачи побрзо, и притоа користи многу малку енергија.

На бенчмарк тестот, Kirin 970 процесира 2,000 слики во минута, со што бил најбрз од сите чипови што постојат моментално на пазарот.

Новиот развој во областа на вештачката интелигенција (AI) бара заеднички напор и цел синџир на подобрени вредности, инволвирајќи десетици милиони девелопери, и искуството на стотици милиони корисници.

Huawei го позиционира Kirin 970 како отворена платформа за мобилна вештачка интелигенција (AI), отварајќи го чипсетот за девелоперите и партнерите што можат да откријат нови и иновативни задачи за било каква намена. 





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}