Следните премиум слушалки на Sony ќе бидат WF-1000XM5

Објавено на 17.03.2023 во Новости



Следните премиум слушалки на Sony ќе бидат WF-1000XM5

Sony се спрема за нов модел на слушалки (earbuds), се уште необјавените WF-1000XM5, но ова е првата слика објавена во јавноста, која изгледа како многу реална. Одовде може да се види надворешниот дизајн на Sony WF-1000XM5 , како и футролата за полнење.

Сликите се објавени на The Walkman Blog, со што се гледа дека новите слушалки се помали од WF-1000XM4. Изработени се од блескава црна пластика, ќе имаат сензор за близина и микрофони, а ќе има и панел за допир од горната страна, но не знаеме се уште за што би функционирал. Од WF-1000XM5 се очекува полнење со 5V, батерија со капацитет од 230mAh, што е значително подобрување во споредба со 5V 140mAh батеријата кај WF-1000XM4. Се очекува Sony наскоро да ги лансира WF-1000XM5.