Huawei со Kirin 970 ќе има огромна моќ и вештачка интелигенција

Објавено на 04.09.2017 во Новости



Huawei со Kirin 970 ќе има огромна моќ и вештачка интелигенција

Huawei со мислите во иднината ја има вештачката интелигенција како нова главна цел за развој и токму затоа го направи првиот чекор со најавата на новиот Kirin 970 процесор кој ќе биде наменет за следната генерација на смартфони, а ќе биде подготвен за првите AI технологии.

Новиот Kirin 970 процесор располага со 4x2.4 GHz Cortex-A73 јадра и 4x1.8GHz Cortex-A53 јадра со Mali-G72MP12 GPU од 12 јадра и е изработен во напредниот 10 нанометарски процес што значи дека зазема мал простор, а има спроводници со поголем капацитет и е енегетски поефикасен. 

Благодарение на огромната пресметувачка моќ Huawei најави дека е отворен за соработка со програмерите за искористување на капацитетот за развој на апликации и софтвер со вештачка интелигенција од преведувачи до напредни алгоритми за смарт асистенти. 
 

Автор: Ljupco Aleksovski


Прочитајте повеќе:


 
Најнови телефони
 
  • Mate 10 Pro
  • G6
  • 3310 (2017) 3G
  • 8
  • 7
  • 6
  • 5
  • 3
  • 2
  • 105 (2017)
 


{}