Видео: Роботот Ејми е усовршен за човечка интеракција

Објавено на 04.09.2017 во Новости



Видео: Роботот Ејми е усовршен за човечка интеракција

Кинеската компанија Amy Robotics на IFA саемот во Берлин ги демонстрираше можностите на новиот хуманоиден робот AMY A1 кој е креиран за помош на луѓето во различни ситуации, како грижа за луѓе со непосредна комуникација што може да се искористи за чување на стари луѓе, потоа може да се активира во услужните дејности како ресторани или пак да дава информации на пример во банки.

AMY A1 роботот има напредна вештачка интелигенција особено во делот на препознавање на човечки глас. Роботот може да детектира гласовни команди на одалеченост од 5 метри дури и со бучава, како и да препознае од која насока доаѓа гласот. 

Според Amy Robotics главна цел ќе биде развојот на апликации преку соодветен софтверски пакет со алатки кој девелоперите и програмерите ќе може да го искористат за своите идеи. Наскоро се очекуваат повеќе детали за пласманот на роботот Amy А1 и неговата цена. 
 





 
Најнови телефони
 
  • iPhone 8 Plus
  • iPhone X
  • iPhone 7 Plus
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
 


{}