When in X - Mакедонски стартап со нова апликација за патувања

Објавено на 04.09.2017 во Новости



When in X - Mакедонски стартап со нова апликација за патувања

Македонскиот стартап Webgliders ја најави новата When in X апликација за патување која треба да ги поврзе туристите кои го посетуваат Балканот со домаќини кои се заинтересирани да им организираат конкретни активности за подобро запознавање на природата, културата, историјата и другите карактеристики. 

„Нашата мисија е да го смениме начинот на кој туризмот функционира во Југоистична Европа. Како жители на Балканот веруваме дека тука земјите имаат прекрасни места, скриени скапоцени камења на природата и фасцинантни културни искуства кои ќе ги импресионираат посетителите од целиот свет“, посочуваат креаторите на When in X. 

When in X ќе ги поврзе туристите со експерти за подобро патувачко искуство кое ќе се разликува од традиционалните туристички аранжмани, но и ќе го олесни откривањето на настани, активности и тури. За проектот има отворена покана за сите кои се занимаваат како туристички водичи, но и воопшто луѓе од угостителството и забавата





 
Најнови телефони
 
  • Watch Edition Series 3
  • Watch Series 3
  • Watch Series 3 Aluminum
  • Watch Edition Series 2 42mm
  • Watch Series 2 42mm
  • Watch Edition Series 2 38mm
  • Watch Series 2 38mm
  • Watch Series 2 Aluminum 42mm
  • Watch Series 1 Aluminum 42mm
  • Watch Series 2 Aluminum 38mm
 


{}