Huawei потврди - Mate 10 серијата доаѓа наскоро

Објавено на 04.09.2017 во Новости



Huawei потврди - Mate 10 серијата доаѓа наскоро

Од Huawei и официјално потврдија дека нивните промоции овој период не се финиширани, па така фановите ќе имаат можност да погледнат уште една серија на супер телефони со Mate 10 моделите за кои веќе се знае дека ќе пристигнат на 16 октомври на промотивен настан во Минхен.

Во главен фокус на Mate 10 ќе биде употребата на новиот Kirin 970 процесор со напредни 8 јадра и поддршка за апликации со вештачка интелигенција кои допрва ќе се развиваат. Mate 10 треба да послужи како моќен конкурент на Galaxy Note 8 фаблетот на Samsung па наскоро ќе следиме интересна битка меѓу гигантите. 
 





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}