Руската амбиција за ВИ е почеток на крајот според Маск

Објавено на 05.09.2017 во Новости



Руската амбиција за ВИ е почеток на крајот според Маск

Технолошкиот могул и визионер Илон Маск смета дека со зголемените амбиции на Русија да влезе во трка за развој на вештачката интелигенција започнува заканата за нова светска војна.

„Кина, Русија и сите останати држави со силна компјутерска наука наскоро ќе се приклучат во трката за напредок на вештачката интелигенција. Според мене, борбата за превласт во полето на AI ќе доведе до Трета светска војна“, посочи Елон Маск како одговор на говорот на рускиот претседател Владими Путин кој ги откри руските заложби за развој на ВИ.

„Вештачката интелигенција е иднината, не само на Русија, туку на целото човештво. Развојот на оваа гранка нуди огромни можности, но исто така содржи и големи ризици кои е невозможно да се предвидат. Оној кој ќе стане лидер во оваа сфера ќе владее со светот“, рече Путин. 

Илон Маск е еден од најголемите противници на непреченото и нерегулираното развивање на вештачката интелигенција за која верува дека може да излезе надвор од контрола по што човештвото ќе соочи со огромни проблеми. 





 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}