TikTok е во немилост, уште една земја става забрана
Објавено на 22.03.2023 во Новости
Холандските државни службеници исто така добиваат забрана за употреба на кинеската апликација TikTok на своите службени уреди, објави холандското министерство за внатрешни работи во вторник, после сличните одлуки од повеќе европски земји.
Холандското министерство изјавило дека го обесхрабрува користењето на апликациите од „земјите со агресивни кибернетски програми насочени кон Холандија или холандските интереси“, за владините уреди. Холандската тајна служба AIVD минатиот месец ги спомна Кина, Русија, Иран и Северна Кореја како земји со таква агресивна кибернетска програма, што креира ризик за шпионски активности.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.