Samsung Galaxy Z Flip 5 го зголемува естерниот екран

Објавено на 22.03.2023 во Преклопни уреди



Samsung Galaxy Z Flip 5 го зголемува естерниот екран

Samsung е првата голема технолошка компанија што претставила смартфон со преклопен екран, иако за почеток прилично беше тешк. Со текот на времето интересот за таквите телефони порасна. Samsung моментално ги спрема и новите модели, кои излегуваат следното лето. 

Ice Universe тврди дека новиот преклопен смартфон под хауба ќе биде со Snapdragon 8 Gen2 процесор и најновиот Android, а ќе има и IPX8 сертификат за водоотпорност. Најголемиот новитет на Galaxy Z Flip 5 ќе биде надворешниот екран, со големина од 3,4 инчи, кој ќе биде поголем и од оној на Oppo N2, чија дијагонала изнесува 3,26 инчи. Z Fold 5 го задржува надворешниот екран од 6,2-инчи, како и неговиот претходник.