ChatGPT беше недостапен, откриен е виновникот, сега е во ред

Објавено на 23.03.2023 во Новости



ChatGPT беше недостапен, откриен е виновникот, сега е во ред

Откриена е причината поради која моментално најпопуларниот AI chatbot ChatGPT беше недостапен на почетокот на неделата. Bloomberg пишува дека поради багови, насловите на претходните разговори за одредени корисници OpenAI ChatGPT, биле невидливи за другите коринсици на четбот.

Компанијата OpenAI поради тоа привремено го исклучи ChatGPT и беше недостапен, но набрзо беше вратен во функција. Од OpenAI го наведоа дека се уште работат на целосно враќање на историјата на разговорот за корисниците. Кога некој го користи ChatGPT, историјата на разговорите со услуга се прикажува на левата страна на веб страницата, овозможувајќи им на луѓето да ги продолжат претходните разговори со четботот. 

Од OpenAI потврдуваат дека имало баг, односно неименуван софтвер со отворен код. Се уште не е познато кај колку корисници направил штета овој баг.